Симоновски: Пристапот преку VPN апликација се регистрира како упад и ќе следи кривична одговорност (ВИДЕО)
Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски при гостување на „Сител“ вели дека нема пропуст и вели дека тврдењето дека многу македонски граѓани се потпишале како иселеници е невозможно.
-Тврдењето дека многу граѓани се попишале преку користење на VPN апликација е невозможно,може да се регистрираат, тоа не е спорно, меѓутоа тоа се регистрира и тие подароци не одат во базата кај што се складираат податоците за попишаните лица од странство, туку се идентификува и се чува како доказ за упаѓање во систем, вели тој.
Симовски вели дека сите вакви напади се регистрирани и подложат на кривична одговорност.
-Тоа е злоупотреба на лични податоци, бидејќи често се упаѓа со туѓ матичен број, сигурно не користи свој матичен бидејќи ако упадне со својот матичен број може многу лесно да се лоцира и да сноси одговорност и прави уште едно кривично дело.
Секој наш граѓанин што се наоѓа надвор од државата може да се потпише, без разлика колку време е надвор од државата.
Целото интервју може да го погледнете во продолжение:
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа