Џибони: Македонската публика е фантастична - сите го посакуваат аплаузот од неа

Музичката легенда Џибони во ексклузивно интервју за порталот Курир открива дека неговиот концерт во Скопје ќе биде фантастичен и дека многу ја сака македонската публика.

На прашање каков е Џибони надвор од сцената, легендата одговара: - Јас имам среќа што моето хоби, мојата работа и мојата љубов, се едно исто. Не можам да се одмарам од музиката, кога истата не ме ни заморила. Ако си директор на банка, можеш да имаш живот позади сцената. Мојот живот е на сцена. Јас и на сцена и надвор од неа, сум истиот човек.

Тој додава и дека многу ја сака македонската публика и аплаузот од Скопје.

Македонската публика е фантастична. Секако дека ја чувствувам нивната енергија. Вие имавте можност да го формирате својот музички вкус со некои од најдобрите музичари во историјата и критериумите ви се високи. Затоа знам, дека кога ќе слушнам аплауз во Скопје на некоја моја песна, дека тоа навистина сум го заслужил. На секој од нас му е голем предизвик, да биде прифатен во Скопје, додава Џибони.

За концертот во Скопје Џибони најавува дека концертот ќе биде фантастичен: - Мислам дека мојот личен вкус и вкусот на публиката се преклопуваат во 99 отсто од песните. Така, ќе ги свириме сите оние песни кои го преживеаа строгиот суд на времето и кои луѓето ги открија низ овие години. Музички гостин ми е солистката 

London Gospel Community Choira која е извонредна. Таа ми е голема поддршка на сцената. А секако, тука е и мојот брат Влатко Стефановски кој со својата гитара ја одбележа  мојата кариера во минативе 15 години.

Инаку, концертот ќе се одржи на 16 ноември во арената „Борис Трајковски“.

06.11.2013 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа