Му се превртел тракторот натоварен со дрва - ресенчанец едвај спасил жива глава

Страотна несреќа се случила во ресенско кога трактор буквално згмечил ресенчанец, на кој едвај му го спасиле животот.

Според податоците од полицијата, се работи за 41-годишен ресенчанец кој синоќа го пронашол неговиот брат со фрактура на главата, набиеници по телото и повредена нога. До несреќата дошло кога тракторот со приколка која била натоварена со дрва за огрев, се превртел и паднал врз Т.Т. а за среќа неговиот брат го пронашол и успеал да го извлече.

Повредениот бил пренесен во болницата во Битола со тешки телесни повреди.

06.11.2013 - 10:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега