ФОТО: Полицијата во Русија трага по сериски убиец на баби-награда од 23.000 евра за било каква информација!
Полицијата во Русија е во потрага по сериски убиец кој последните 2 години убил 32 пензионерки.
Убиецот наводно влегува во домовите на жртвите, преправајќи се како мајстор и подоцна ги задавува. Поради фактот што ни една не е ограбена, полицијата смета дека убиецот тоа го прави од задоволство.
Неговата тактика слична на тактиката на "Сатаната во здолниште", односно Ирина Гаидамачук, која е осудена на 20 години затвор поради убиство на 17 старици.
Направена е скица на убиецот, кој има околу 25 и 35 години, висок е помеѓу 170 и 175 сантиметри, се смета дека има азиско потекло. Понудени се милион рубљи, или 23.000 евра, за било каква информација која ќе помогне во неговото апсење.
Сите негови жртви имале помеѓу 80 и 90 години и живееле сами.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа