Се менуваат старите семафори на булеварот „Борис Трајковски“
Во Рамки на проектот за автоматизирано управување на сообраќајот во периодот од 4 до 10 ноември ќе се врши замена на старите семафорски контролори на крстосниците по должината на булеварот „Борис Трајковски“, соопшти градот Скопје.
Додека трае замената на старите семафорски контролори може да се наруши координацијата на светлосните сигнали, односно на зелените бранови на булеварот „Борис Трајковски“ и да се појави застој во одвивањето на сообраќајот.
Се замолуваа учесниците во сообраќајот да покажат разбирање додека трае замената на контролорите и да ги почитуваат светлосните сигнали, пишува во соопштението
Активностите за замена на старите контролори со нови современи семафорски контролери ги изведува фирмата „SWARCO TRAFFIC SYSTEMS“ од Германија со подизведувачот „ЕЛКОМ КОНСТРАКШН“ од Скопје, во соработка со ЈП „Улици и патишта“ и сообраќајната полиција.