ФОТО: Болното детенце од Босна го доби дресот од Ибрахимовиќ

Малото болно детенце од Босна, Хајрудин Камењаш, конечно го доби дресот од својот омилен фудбалер Златан Ибрахимовиќ.

Синоќа во Сараево допатува големата хуманитарка  Теа Рекиќ  за на малиот Хајрудин да му го донесе дресот на неговиот омилен фудбалер.

-Драг Хајрудин, многу те сака Златан. Мислам на тебе со цело срце, стои во посветата заедно со автограм на фудбалерот на ПСЖ.

Хуманитарката вели дека малото момче било пресреќно кога го земало дресот во своите раце: - Малиот Хајрудин беше многу радосен кога ја доби видео пораката од Златан Ибрахимовиќ. Хајрудин ја сними пораката на мобилен за да може цело време да ја гледа и слуша, изјавува Рекиќ.

Инаку, за жал, на Хајрудин му останува само уште многу малку време за живеење бидејќи боледува од тешка болест. Негова последна желба беше да се сретне и запознае со славниот фудбалер, но поради обврските Ибрахимовиќ не можеше да се сретне со детенцето, па му се извини преку видео порака и како подарок му го испрати својот дрес.

 

01.11.2013 - 11:28

најчитано сега