Поранешниот чешки премиер ќе биде гонет и за кривични дела

Чешкиот врховен суд денеска донесе одлука дека поранешниот премиер Петр Нечес може да биде гонет дури и за кривични дела кои биле извршени пред самораспуштањето на Парламентот во август годинава, кога тој беше пратеник.

 Поранешниот чешки премиер Нечас е осомничен дека е вмешан во корупциската афера со тројца поранешни пратеници, негови партиски колеги од конзервативната Граѓанска демократска партија (ОДС).

Тие откако не се согласуваа со донесување на владини рестриктивни мерки поднесоа оставки на пратеничките функции, а според обвинувањата, за  сметка на тоа добиле добро платени места во државни фирми.

Во нивниот случај, Судот одлучи дека пратеничкиот имунитет ги штител до лани во ноември, кога се откажаа од своите мандати.

Со одлуката, Судот го отфрли предлогот на јавниот обвинител Иво Иштван, кој сакаше да продолжи кривичната постапка против пратениците.

Во моментов во корупциската афера која доведе до политичка криза во Чешка, е осомничена Јана Нагиова Нечасова, поранешна советничка на чешкиот премиер, а сега актуелна сопруга.

Таа, исто така е под сомнеж за издавање наредба за незаконско прислушување на тогашната сопруга на Петр Нечас, Ратка Нечасова

31.10.2013 - 15:06

најчитано сега