Аргентина се збогува со фудбалската легенда Марадона:Ковчегот пред претседателството, полицијата се обидува да ја „скроти“ расплаканата толпа
Солзи, песна, раширени раце, молитви, цвеќиња, дресови ...
Во Аргентина започна тридневна жалост за смртта на фудбалската легенда Диего Армандо Марадона, а неговите фанови, обожаватели и граѓани се збогуваат со својот идол.
Милион луѓе се очекува да присуствуваат на збогувањето на Марадона.
Диего Марадона почина вчера на 60-годишна возраст од акутна, конгестивна и хронична срцева слабост.Неговото заминување ја потресе фудбалската планета, а славниот Аргентинец многумина го сметаа за најдобар фудбалер во историјата.
Вака изгледаше полициската придружба со ковчегот на славниот фудбалер
L’incredibile corteo che accompagna il trasporto del corpo di #Maradona lungo l’autostrada che va a #BuenosAires pic.twitter.com/2jdr9gV8Lu
— Angelo Bonelli (@AngeloBonelli1) November 26, 2020
Ковчегот со телото на починатата легенда на светскиот фудбал е пред претседателското место во Бунеос Аирес каде навивачи и обожаватели на славниот Ел Пибе за последен пат се збогуваа со него. Предност имаа семејството, прријателите и неговите соиграчи, а потоа и навивачите. На ковчегот беше ставено аргентинското знаме и дресови, а околунего еден куп цвеќиња.
Собраните Аргентинци минуваат низ Розовата куќа и се збогуваат со својот идол. Сепак, се создаде огромна толпа затоа што сите сакаат да се приближат до телото на славниот фудбалер, па полицијата мораше да реагира неколку пати за да се спречат немирите.
Empiezan los disturbios en la
despedida de Maradona.Cargas policiales y vallas volando.
TodoNoticias Argentina pic.twitter.com/3AybKnZPvl
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) November 26, 2020
____________________________________________________________________________