ФОТО: Модерна Индијанка - Гавазова во секси костим позираше со своите две ќерки
Поради пандемијата коронавирус и ограниченото работно време на угостителските објекти, како и забраната за одржување на прослави и групни собирања, македонските пејчи веќе долго време се без ангажман.
Но некои од нив се навистина активни на социјалните мрежи и редовно објавуваат свои фотографии.
За популарната македонска фолк пејачка Сузана Гавазова, ниту еден ден не е потрошен без забава и моменти кои ја исполнуваат.
Сопругот и малечките наследнички се оние кои секогаш ѝ го разубавуваат секојдневнието и ѝ го полнат срцето како ништо друго на светот.
Овој пат таа направи интересна фотосесија со своите две ќерки облечени во индијански костими.
Во принт комбинезонот Сузе го истакна сиот свој раскош и секаспил кој го поседува.
-Отсекогаш сум се восхитувала на индијанските обичаи и традиција од која може многу да се научи за духовната и силната поврзаност со природата. Да се искаже благодарност кон природата, да се слави животот. Преземи одговорност за своите дела (не ги обвинувај другите), напиша Гавазова во опис на фотографиите.
Погледнете во галеријата:
____________________________________________________________________________