Берлускони повторно стапал на лудиот камен?

Поранешниот премиер на Италија зад кои се криеја голем број на скандали Силвио Берлускони, се венчал со млада девојка по име Франческа Паскале. Ваквата информација ја потврди блиска пријателка на Берлускони која била постојана гостинка на неговите забави.  

Таа вели дека девојката се венчала во црква во близина на имотот на Берлускони во Аркоре. Венчавката се одржала на осми или деветти октомври и била целосно прикриена за медиумите. Таа не можела да присуствува на истата затоа што во тој период го родила својот син. Засега нема потврда за ваквата информација. Но и доколку Берлускони навистина се венчал, тоа ќе биде само симболично затоа што поранешниот премиер се уште го нема официјализирано разводот со претходната сопруга Вероника Ларио пренесуваат италијанските медиуми. 

Маристел Поланко тврди, дека двојката се венчала во црква која се наоѓа во регионот на имотот на Берлускони во градот Аркоре. Церемонијата била на осми или деветти октомври, но поминала целосно скриена од медиумите.

Поланко вели дека била поканета, но не присуствувала бидејќи токму тогаш го родила својот син. Засега Берлускони и Паскале не ја потврдиле информацијата. 

 

 

31.10.2013 - 12:37

најчитано сега