Обама се соочува со невиден пад на рејтингот

Претседателот на САД Барак Обама се соочува со пад на рејтингот до рекордно ниско ниво. Според податоците на „Волстрит џурнал“ само 42% од американскиот народ ја поддржуваат неговата политика. Над 50% се незадоволни од тоа како Обама ја извршува функцијата претседател. Во почетокот на октомври 47 отсто ја определиле како успешна, а на крајот на 2012 година - 52 проценти.

Бројот на анкетираните, кои дале негативна оценка за Обама, по првпат го надмина бројот на луѓе со позитивно мислење за него.

Освен тоа, првпат по 40 години, едвај 30 отсто од анкетираните изјавиле дека гледаат со оптимизам кон политичкиот систем во САД.

31.10.2013 - 12:18

најчитано сега