Тачи се закани - ако се појави во униформа на резервист Вулин ќе биде уапсен

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјкави дека може да дојде до приведување на српскиот министер без ресор задолежен за Косово и Метохија Александар Вулин доколку дојде во Косово во униформа на резервист. . 

- Сметаме дека Вулин треба да дојде како цивилизиран човек... Како човек на мирот и согласно стандардите со порака за зближување, разбирање и помагање, но не во униформа на резервист, истакна Тачи во интервју за босански медиум.

На коментар дека српскиот премиер Ивица Дачиќ посетата на Грачаница ја најавил како верска, но таму одржал политички говор, косовскиот премиер истакна дека не одобрува посета на официјални претставници кои „злоупотребуваат и создаваат поделба во српската заедница на Косово“.

31.10.2013 - 11:48

најчитано сега