Пилот на балон под дејство на марихуана уби 11 лица

Пилотот на балонот кој во Нов Зеланд се сруши минатата година, кога загинаа 11 лица, за време на несреќата бил под дејство на канабис, покажале резултатите од истрата кои се објавени денеска. Несреќата се случила на 7 јануари 2012 година, во моментот која требало да се спушти на земја, балонот удрил во електричниот кабел, и паднал од висина од 150 метри.

Аутопсијата покажала присуство на канабисот во крвита на 53 годишниот Ленс Хопинг, кој ваквата дрога редовно ја конзумирал. 

„Истражната комисија утврдила дека до несреќата дошло поради лошата проценка на пилотот, што е предизвикана од конзумирањето на канабис“, се наведува во соопштението на комисијата.

Комисијата на новозеландска влада препорача да ги засили токсиколошките контроли во транспортот, за што владата ќе се изјасни на почетокот на наредната година. 

 

 

31.10.2013 - 10:49