Банкротираше најбогатиот Бразилец

Најбогатиот човек во Бразил воедно и седмиот милијардер во светот Еике Батиста се соочува со финансиски проблеми, а неговата нафтена компанија ОGX која ја основал во 2007 година поднесе судска заштита при банкрот. Компанијата е во долгови од 3,6 милијарди долари, а истата им ветувала на инвеститорите големи количини на оф шор нафта поради нејзината пазарна вредност во 2010 година која достигна невереојатни 34 милијарди долари. 

Годинава таа на почетокот произведуваше едвај 8500 барели дневно. 

Според аналитичари, Батиста ги излажал инвеститорите, изјавувајќи дека располага со оф шор резерви од една милијарда барели нафта, но пред неколку седмици тој ја намали прогнозата и истакна дека резервите се само од 285 милиони барели, што нанесе удар врз цената на акциите на компанијата.

OGX е столб во империјата на Батиста, која вклучува рудници, инфраструктурни компании, челичарници и фирми за недвижен имот. 

31.10.2013 - 09:24

најчитано сега