БМВ-то кај Рампа возело 218 километри на час - алкохол во крвта на возачот?

Дури 218 километри на час возело БМВ-то кое на 11 октомври загинаа 5 другари кога се заби во подрумот на Пазарната инспекција, јавува Дневник. Според весникот, кој се повикува на извори во истрагата, постојат сомнежи дека возилото се движело уште побрзо неколку секунди претходно и дека возачот почнал да кочи во обид да ја фати кривиниата но на борд компјутерот на луксузниот автомобил, последната регистриана брзина е 218 километри на час.

Весникот повикувајќи се на сопствени неофицијални извори пишува дека истражните органи утврдиле присуство на алкохол во крвта кај возачот но нема точен податок за колкаво количество станува збор.

 

Сепак истражителите сметаат брзината и алкохолот се клучни фактори за несреќата, пишува Дневник.
Бидејќи станува збор за луксузно возило вредно 40.000 евра, експертите за Дневник коментираат дека на делницата кај Јужен Булевар за тоа БМВ не е прболем да достигне и брзина од 250 километри на час.

На кривината пред Рампа на 11 октомври во страшана сообраќајка загинаа 5 лица враќајќи се од ергенска вечер.

31.10.2013 - 00:40
Фото: 
Курир