Самоубиство: Не го примиле во Демир Хисар - се обесил пред болница

Самоубиство пред болницата за душевни болести во Демир Хисар. Како што јавува битолската телевизија Орбис повикувајќи се на свои извори, 40 годишниот В.М. од Прилеп се обесил пред болницата откако претходно, болничката управа не го примила. 
Тој и претходно бил пациент на во оваа болничка установа,  а од сеуште неразјаснети причини бил одбиен од болницата по што тој одлучил својот живот да го заврши со бесење на предавателот за телефони кој се наоѓа веднаш зад поштата во Демир Хисар а е во непосредна близина на болницата.

На лице место веднаш пристигнала екипа на Брза Помош, која констатирала смрт. На терен излегле и истражен судија и јавен обвинител

30.10.2013 - 20:59

најчитано сега