Експлозија во близина на американската амбасада во Јемен

 Силна експлозија одекна денеска во близина на Американската амбасада во јеменскиот главен град Сана, објави телевизијата „Ал Арабија“.

Телевизијата објави дека во реонот на дипломатското претставништво се води жестока престрелка, но не прецизира кој се е вклучен во судирите.

Според „Ал Арабија“, во провинцијата Саада, која е населена главно со шиити, припадници на бунтовничката група Хусити на Абдел Малик ал Хуси, отвориле оган врз една џамија. Во инцидентот има убиени и повредени лица, наведува телевиизјата.

30.10.2013 - 16:39

најчитано сега