НСА го прислушувала и Папата!

Американската Агенција за национална безбедност го прислушувала и поранешниот папата Бенедикт Шеснаесети, објави денеска „Панорама“. Според весникот, меѓу 46-те милиони прислушувани телефонски разговори во периодот од 10 декември минатата година до осми јануари годинава биле и оние на високи претставници на Ватикан. 

На листата на прислушувани е и Ернест фон Фрајберг, претседателот на Надзорниот совет на банката на Ватикан, чиј официјален назив е Институтот за верски работи.

 

30.10.2013 - 15:37

најчитано сега