Путин е највлијателната личност во светот за 2013 година

 

Претседателот на Русија, Владимир Путин е на прво место на листата на највлијателни личности во светото на американското списание  „Форбс“, јави ИТАР-ТАСС.

На второ место е претседателот на САД, Барак Обама, кој минатата година беше на лидер на листата, а трет е шефот на кинеската држава Кси Џинпинг.

На четврто место се најде папата Франциско, а на петто германската канцеларка Ангела Меркел.

На листата се вклучени вкупно 72 лица - политичари, јавни личности и директори на корпорации.

 

30.10.2013 - 15:42

најчитано сега