Отсечена главата на барзилски фудбалер

Отсечена главата на поранешниот бразилски фудбалер Жоао Родриго. За ова ужасно дело се наведува дека го сториле  припадниците на нарко - мафијата во Бразил.

Отсечената глава на фудбалерот, без очи и јазик била ставена во ранец и однесена во дворот на семејната куќа каде ја пронашла неговата сопруга.

Се шпекулира дека убиството на Родриго е одмазда на нарко-мафијата во главниот бразилски град, поради учество на неговата сопруга во битката со недозволената трговија со наркотици.

Бразилската  полиција  трага по остатокот од телото на  фудбалерот Родриго. 

 

30.10.2013 - 15:10