Крадците не запираат - тетовчанец остана без 6.000 евра

Уште една тешка кражба во Македонија. Засега непознати сторители ја ограбиле куќата на тетовчанец лоцирана на улицата „194“.

- Крадците околу 22 часот откако насилно ја отвориле вратата од подрумските простории, влегле во куќата и од бањата одзеле метална кутија во која имало 5.000 евра во разни апоени и 14 илјади денари, а потоа од спалната одзеле 3 златни женски прстени и златна нараквица по што незабележани ја напуштиле куќата, информираше денеска Јосифовски.

Штетата се проценува на 6.000 евра.

 

30.10.2013 - 14:48
Фото: 
Сител

најчитано сега