Возачот на Долорес Ламбаша имал 0,6 промили алкохол во крвта?!

Според последните анализи, возачот на хрватската актерка Долорес Ламбаша која трагично го загуби животот во страотна сообраќајна несреќа, имал 0,6 промили алкохол во крвта.

Се работи за Стојан Матавуљ кој ја возел актерката во кобниот момент . Сепак тоа се шпекулации бидејќи резултатите од алкотестот се уште не се достапни на судот.

-Премногу е важен податокот за концентрацијата на алкохолот во крвта за време на несреќата и за мене како адвокат и за надлежниот суд, изјавил Крешимир Шкариќ, адвокат на семејството Ламбаша.

Инаку, актерката го загуби животот на автопатот А3.

30.10.2013 - 13:27

најчитано сега