Мавровското езеро и Радика порибени со 15.000 парчиња пастрмка

Реката Радика и Мавровското езеро денеска беа порибени со поточна пастрмка (salmo faroides).

- Акцијата е во рамки на надлежностите и планови за заштита и оваа сезона извршивме порибување на четири локации. Тоа е една од активностите за одржување и збогатување на рибниот фонд на територијата која е под надлежност на паркот, рече Онер Јакуповски директор на НП „Маврово".

Изминативе  шест години, водотеците во најголемиот национален парк во Македонија се порибени со над 300 илјади парчиња риба.

30.10.2013 - 12:40
Фото: 
охридњуз