Над шест милиони жители во Рио де Жаниро се соочуваат со недостиг на вода

Полаовина од жителите на градот Рио де Жанеиро се соочуваат со недостиг на вода веќе седми ден, откако главната компанија за снабдување на вода го прекина дотокот за повеќе од шест милиони жители, поради редовното одржување на погоните на реката Гуанду. На почетокот велеа дека ваквите зафати ќе траат максимум 72 часа, но голем дел од градот и понатаму остана без вода и покрај тоа што овој период веќе одмна измина. 

Реката Гуанду е основен извор на вода за цел град. Кризата со водата, две години пред одржување на Олимпијадата во 2016 година, укажува на проблемите што градот ги има со основните комунални услуги.

30.10.2013 - 11:04

најчитано сега