Користеле мртовци како тест-возачи

Во северниот дел на Шпанија, во истраживачкиот центар „Моторленд технолоџи“ вработените биле откриени како користат човечки трупови во симулација на судар со автомобили. Објаснувањето од тамошните инженери било дека тие биле поевтини да се набават во однос на стандардните кукли. Џената се движела околу 207.000 долари. 

Претходно медиумите во шпанската покраина пренесуваа дека за ваквите цели се користеле мајмуни и свињи. Сепак, организацијата „Технологија и системи за безбедност на автомобилите“ (TESSA) соопшти дека човечките тела даваат попрецизни резултати. Истражувачкиот центар TESSA, кој е дел од Универзитетот во Сарагоса, дури има и мртовечница во која се складираат и подготвуваат телата за судар. Како што објаснија, најмногу тела добиваат од шпанските медицински факултети откако веќе нема да им бидат потребни.

Човечките трупови, инаку, првпат се користени за симулација на судар уште во 30-тите години од минатиот век во Детроит, на тамошниот Државен универзитет Вејн. Сепак, етичките и моралните недоумици доведоа да прекинат со таа пракса.

Проблем исто така претставуваше и тоа што труповите припаѓаат на стари луѓе, кои најчесто не се учесници во автомобилски несреќи. Тоа била и главната причина за правење кукли за тестирање при судар. Сепак, финансиските проблеми со кои се соочува Шпанија го вратија во „мода“ користењето на трупови, заклучува „Дигитал Журнал“

30.10.2013 - 10:50