ВИДЕО: Кинеските проститутки преку Твитер учат како да освојат богати клиенти

Ни проститутките не можат без друштвените мрежи. Во Кина отидоа чекор понапред, па сега постојат и курсеви на кои се учи како преку Твитер да се дојде до богати муштерии. Снимка на еден ваков курс неодамна се појави на интернет. На видеото може да се види како „професор“ им објаснува на девојките дека Твитер е корисен и преку него може да се освојат богати луѓе, но исто така е погоден и за решавање на губитниците кои сакаат само да им се прикачат. Видеото го снимила една од учесничките на овој курс, а на крајот од предавањето, една од девојките побарала да ја префрли оваа презентација на својата УСБ меморија, за да може и дома да ги учи ваквите правила. Иако проституцијата е илегална во Кина, во последните години таа значително е зголемена поради стапката на корупција во полицијата и урбанистичкиот развој во оваа земја. 

 

 

30.10.2013 - 09:49

најчитано сега