ЕУ размислува за сопствена разузнавачка агенција како противодговор на американската шпиунажа

За првпат во својата историја на постоење Европската Унија размислува да создаде своја сопствена разузнавачка агенција како одговор на американската шпионажа од страна на НСА. Европската комесарка за правда Вивиен Рединг истакна дека пријателите и партнерите не треба да се прислушуваат меѓусебно. Оваа таа го изјави по посетата на САД по американскиот скандал. НСА веќе подолг период прислушувала европски лидери и масовно собирала податоци за телефонски разговори низ Европа.

„Овие настани го протресоа и му наштетија на нашето пријателство. Довербата е загубена“, изјави Рединг, која е во Вашингтон заедно со делегација на Европскиот Парламент, а набргу по посетата на високи офицери на германското разузнавање, кои сите доаѓаат во потрага по одговори од Белата куќа.

30.10.2013 - 09:37

најчитано сега