За една недела умираат 80 полицајци во Авганистан

Во Авганистан секоја недела животот го губат просечно по 80 полицајци, текот на „сезоната на судири“.

Според локалните власти на оваа бројка исто така треба да и се додадат и авганистански војници загинати во судирите со талибанците.

„Сезоната на судири“ во Авганистан започнува во април или мај, откако на планините ќе се стопи снегот, а завршува во ноември, кога почнува зимата.

Оваа година талибанците ја започнаа годишната офанзива на 27 април, кога ветија дека ширум Авганистан ќе извршат повеќе самоубиствени и „инсајдерски“ напади и поставување бомби крај патиштата.

Од почетокот на офанзивата животот го загубиле вкупно 1.273 припадници на националната полиција, 779 припадници на локалната полиција и 858 цивили.

29.10.2013 - 16:06