Грција во деведесетите шпиунирала двајца американски амбасадори

Поранешниот грчки министер за надворешни работи Теодорос Пангалос денеска откри дека САД не била единства земја која прислушкувала странски дипломати. Имено Грција во деведесетите години тоа го правела на двајца американски амбасадори во Атина и Анкара. Ова Пангалос го изјави на грчка радио станица „Вилма ФМ“ за време на разговорот за прислушкувањето кое во целиот свет го спроведе американската Национална безбедносна агенција. Претходно германскиот неделник „Шпигел“ објави наводни документи кои покажуваат дека Атина е една од локациите на кои оваа агенција ги вршела прислушкувањата. Пангалос кој е на функцијата министер за надворешни работи од 1996 до 1999 година изјави дека во еден момент грчката национална безбедносна служба ги надгледувала амбасадорите на САД во Атина и во турската престолнина Анкара. Прислучкувањето не траело долго, но не го наведе прецизно временскиот период. 

 

 

29.10.2013 - 15:27

најчитано сега