400 евра месечно - сопственик на еротски клуб на полското биро за вработување бара танчерки

Бирото за вработување во Варшава во понудата за невработени на својата огласна табла и сајт огласил работни места за танчерки и придружнички во еден еротски клуб. На сопственикот на неименуваниот ноќен клуб не му биле потребни почетнички и бара три години практично искуство, што и да тоа значи, претходно занимавање со гимнастика и знаење на англиски јазик. За околу 400 евра основна месечна плата се очекува да играат околу шипка, да ги придружуваат годистите и како што е наведено да ги промовираат услугите на работодавачот. Од бирото велат дека не направиле ништо незаконско, а бидејќи еротскиот клуб има работна дозвола и неговиот сопственик легално го одржува истиот, тие и по закон не смееле да го одбијат ваквиот оглас. 

 

29.10.2013 - 13:25

најчитано сега