И тоа се случува: Маскиран крадец им влегол на свадба и им ја украл ташната со пари

Маж маскиран со чорапа на главата упадна на свадбена веселба на Кипар и ја украде чантата со пари, кои им биле подарок на младоженците. 

Младите на Кипар често пати добиваат подароци во пари на свадбените веселби и најчесто станува збор за илјадници евра.

Кражбата била извршена во Лимасол. Портпаролот на полицијата, Андреас Ангелидис изјави вчера дека полицајците привеле 32-годишен маж, кој одговарал на описот на крадецот. 

Полицијата сепак не ги пронашла чантата и парите и продолжува со потрагата

29.10.2013 - 12:45