Прегазил две дечиња со својата Лада - страотна несреќа во тетовско

Страотна сообраќајна несреќа се случила утринава околу 9 часот на влезот во тетовското село Брвеница. До несреќата дошло кога патничко моторно возило „лада“ со тетовски регистарски таблички управувано од страна на 58-годишниот С.С. удрил во три пешаци, меѓу кои 50-годишниот Б.С. и двегодишно девојче и нејзината тригодишна сестра.

Двегодишно девојче е потешко повредено, додека нејзината тригодишна сестра и Б.С се здобиле со телесни повреди, пренесува МИА. Двегодишното потешко повредено девојче со повреди на главата веднаш било упатено на Клиниките во Скопје, додека нејзината сестра и 50-годишната Б.С. се префрлени во Тетово за да им се укаже лекарска помош и се уште се во Тетовската болница.

Полицијата врши увид на местото на настанот.

29.10.2013 - 10:33

најчитано сега