Василакис предложи „Славјанско-албанска Македонија“

Грција и понатаму останува на својот став за „ерга омнес“, пишува денешен „Дневник“.

Според информациите на весникот, за време на последната рунда разговори во Њујорк, грчкиот претставник Адамантиос Василакис соопштил дека Атина сè уште размислува која би била географската одредница наменета за Република Македонија и укажал дека за нив прифатливо би било името „Славјанско-албанска Македонија“.

Василакис барал  „новото име да се најде и на сите документи, сеедно дали се тие за надворешна или внатрешна употреба". Исто така, според Василакис не е никаков проблем и да се смени нашиот устав, пренесе весникот Дневник.

29.10.2013 - 09:15