Солун: Воена парада по повод отфрлање на ултиматумот за капитулација поставен од Италија

Воена парада одржаа денеска Грците во Солун по повод отфрлањето на ултиматумот за капитуалција поставен од Италија за време на Втората светска војна познат уште и како прославата на Денот „Охи“ (не). Како што пренесува ИТАР-ТАСС, на свеченоста приуствувале и грчкиот претседател Каролос Папуљас и министри и команданти на вооружените сили. Голем број на воени еиници, полицајци, студенти, ученици и дувачки оркестри дадоа свое придонес во парадата. Најдобриот дел беше прелетот на ловците „Мираж-2000“ и „Ф-16“ како и голем број на воени хеликоптери. Грците имаа можност да ја демонстрираат и најновата воена техника на грчката армија. 

По парадата претседателот Папуљас истакна дека земјата денеска одбележува многу важен празник.

- Оддаваме почит на загинатите во оваа голема борба на грчкиот народ против чумата на италијанскиот фашизам од 1940 година. Тоа беше првата антифашистичка победа на Европа, која ги разбуди европските народи, кои беа заспани по Минхенскиот договор од 1938 година, рече Папуљас. - Сегашна Европа не треба тоа да го забрави. И нека никој не мисли дека ние може да отстапиме пред уцената. Грчкиот народ никогаш не ја прифаќал уцената, додаде шефот на државата.

28.10.2013 - 15:18

најчитано сега