Волците ровареле по цело Водно по вчерашните пукотници пред вилата на македонскиот Претседател

Ниту луѓе ниту пак остатоци од куршуми не се пронајдени по вчерашната пријава дека се слушале истрели околку вилата на македонскиот Претседател на Водно. Сепцијалната единица на АРМ, Волци кои редовно го обезбедуваат Претседателот веднаш излегле на терен но не успеале да пронајдат ништо. На терен излегле и полициски екипи, но немало никаква трага од пукање.
Акцијата на Волците не спаѓа во посебни мерки, бидејќи тие редовно го обезбедуваат Претседателот кој е и врховен командат на Армијата на Македонија, каде Волците функционираат како специјална единица.
Пријавата за пукотници околку претседателската вила дошла од граѓанин.

28.10.2013 - 15:11

најчитано сега