Сталин го убил Ленин со цијанид?

Како што вели теоријата на професорот Фили А. Маковијак од Универзитеот во Мериленд во Балитомр, Советскиот лидер Линен не починал од мозочен удар како последица на сифилис, туку бил убиен со отров цијанид кој му го дал неговиот наследник на чело на Сојузот Јосиф Сталин во 1924 година. 
Тој ја издал книгата „Дијагноза на гигантите: Решавање на медицински мистерии на тринаесет пациенти кои го сменија светот“, каде ја појаснува вистинската причина за смртта на поранешниот советски лидер. 
Маковијак вели дека и по 20 години смртта на болшевичкиот лидер не престанува да ги интригира научниците. 
 

Во обид да ја открие вистинската причина за прераната смрт, Маковијак доаѓа до изненадувачко откритие, за која го обвинува Сталин, кој му завидувал на лидерот и истовремено бил гладен за власт. 
„Од секогаш беше мистерија како млад човек како Ленин, кој беше очигледно здрав и со мал ризик за цереброваскуларни болести, брзо се разболе од фатална атеросклероза. Познато е дека тој страдал од тешка мигрена. Иако на долг рок може да предизвика невролошки проблеми, мигрената ретко предизвикува парализа на едната страна на телото“, објаснил американскиот професор.

28.10.2013 - 14:49