Индијска тинејџерка се самоубила откако родителите и забрание Фејсбук

Седумнаесет годишната Индијка Аисварија Дахивал се самоубила откако нејзините родители и забраниле да ја користи социјалната мрежа Фејсбук. Таа напишала проштално писмо до семејството во кое напишала дека не може да живее без социјалната мрежа. Ученичката во втора година на колеџот во Парбанија побарала дозвола од нејзините родители да се логира на Фејсбук по што тие ја одбиле. По караницата, и било наредено никогаш повеќе да не го користи и целосно да се посвети на учењето, а ја критикувале и подари долготрајните телефонски разговори со другарките. 

Тинејџерката во прошталната порака, напишала дека не може да живее во куќа во која ја задушуваат, како и дека не може да живее без Фејсбук. Нејзиниот татко Сунил изјави дека семејството е шокирано и дека никогаш не би помислиле дека таа ќе се одлучи на таков драстичен чекор.

Неодамнешното истражување покажува дека скоро 92 отсто од среднопколците во Индија повеќе користат Фејсбук отколку телефон. 

28.10.2013 - 13:43

најчитано сега