Високи романски функционери вмешани во корупциски скандал

Во голема антикорупциска акција во Романија, обвинителите на Националната дирекција за борба против корупција и затајување на данок, водат истрага против 50 лица за кои се смета дека затајувале данок. Биле проверени оклу 160 адреси на приватни домови и фирми во Букурешт и во окрузите Прахова, Ѓурѓево, Арад, Калараш и Јаломица. Има сознанија дека биле вмешани и сенатор и директори во Министерството за финансии и вработени во Финансиската полиција. Според некои од податоците била направена штета од речиси 50 милиони евра. 

Весникот наведува дека станува збор за комплексно дело за корупција и затајување на данок во кои се вмешани голем број луѓе и повеќе од сто романски и странски фирми.

28.10.2013 - 10:54