ВИДЕО: Највисокиот човек на светот го кажа судбоносното ДА

Највисокиот човек на светот, Турчинот Султан Косен вчера го кажа судбоносното да со својата избраничка Мерве Дибо. Косен кој е висок 2,51 сантиметар конечно ја пронајде својата вечна љубов која е пониска од него за само 76 сантиметри. Косен кој е фармер истакна дека долго време трагал по љубовта на својот живот.

- Сега ќе имам свое семејство и приватен живот. За жал неможев да најдам девојка која ќе ми парира со височината. Мерве е висока 1,75 метри, но верувам дека таа е вистинската личност за мене - изјавил Косен.

Двојката пред неколку дена ја направиле традиционланата прослава „хела“ која и претходи на венчавката и на која присуствувале бројни гости.

Косен кој боледувал од тумор на хипофизата, минатата година по специјалниот третман во САД престана да расте, а за неговата свадбена церемонија добил специјални нарачани одело и чевло за свадбата. 

 

28.10.2013 - 09:28

најчитано сега