Кинески емигрант виновен за петкратното убиство во Бруклин

Полицијата во Њујорк уапси кинески емигрант кој се товари за петкратното убиство во Бруклин кое се случи вчера. Станува збор за 25 годишниот Минг Дон Чен кој веќе го признал делото, односно дека со нож ги усмртил сопругата на негов роднина и нејзините четири деца кои биле на возраст од една до девет години. Убиецот живеел со семејството на убиените веќе некое време, а во САД пристигнал во 2004 година. Засега не се откриени мотивите за ваквото убиство. 

 

 

28.10.2013 - 09:13

најчитано сега