Кемет електроникс ќе го зголемува бројот на вработени од Македонија

Извршниот директор на Кемет електроникс Гвидо Галени во интервју за порталот Лидер.мк, открива дали се задоволни од водењето бизнис во Македонија – една година откако компанијата почна со работа во Бунарџик.

Галени вели дека компанијата планира да го зголеми производството и бројот на вработени. Тој вели дека се исклучително се задоволни од работата и заложбите на ТИРЗ во насока на подобрување на условите за работа и ја користат секоја прилика за да ја препорачаат Македонија на странските инвеститори.

-Досега очекувањата се поклопуваат со она што го видовме во нашето првично истражување за земјата. Дирекцијата за ТИРЗ има направено и се уште прави одличен “ after care“ сервис и тоа се уште континуирано го прави, вели Галени за Лидер.

Тој вели дека и покрај тоа што има предизвици, тие се задоволни од условите за водење бизнис во земјава.

-Јас се уште сметам дека сме на почетокот и ова е момент на предизвик. Имавме некои мали проблеми кои веќе се разрешени во партнерство со раководството на Дирекцијата за ТИРЗ. Во однос на бизнис-климата, ние извезуваме 100 % од нашите производи и на тој начин бизнис климата во земјата и локалната економија не влијаат толку врз нас. Но морам да кажам дека сме задоволни од општите услови за водење бизнис, вели Галени за Лидер..

Галени додава дека очекува континуирано да расте бројот на вработени во компанијата и најавува специјални обуки кои ќе им помагаат на вработените да дојдат до соодветно ниво на знаење.

-Во моментов имаме вкупно 190 вработени, но таа бројка континуирано расте. Она што го гледаме е јаз помеѓу потебите на бизнисот и достапноста на таквите вештини. Ние како компанија треба да направиве специјални обуки за вработените да дојдат до соодветно ниво на знаење и вештини и за тоа е потребно време. Земајќи се во обзир, ние сме задоволни, вели Галени.

Целото интервју прочитајте го на lider.mk

27.10.2013 - 13:12
Фото: 
Курир

најчитано сега