Почина актерката Марша Волас алијас Едни Крабапл од „Симпсонови“

Почина глумицата Марша Волас, која го позајмуваше гласот на Едни Крабапл, учителката на Барт Симпсон во серијата „Симпсонови“. Актерката починала вчера во Лос Анџелес, во 71. година од животот.

Извршниот продуцент на „Симпсонови“, Ал Џин, вели дека смртта на Марша Волас е голема загуба. Според него, Волас имала „незаменлив карактер“ и сега ликот на учителката Една ќе биде укинат.

-Претходно најавивме дека постои можност еден од јунаците во серијата „Симпсонови“ да почине. Тоа никако не беше Една Крабапл. Нејзината смрт со тоа нема всрска, и уште еднаш кажувам, тоа е голема загуба за сите нас кои имавме среќа да ја познаваме, изјави Ал Џин, пренесуваат американските медиуми.

Според информациите на „Дејли Мејл“, Волас речиси 3 децении се борела со рак на дојката, кој и бил откриен во 1985 година.

 

27.10.2013 - 11:04

најчитано сега