Што ќе се случува денеска пред „Сити мол“?

Во организација на здружението за заштита на животните „Анима мунди“ и Општина Карпош, денеска напладне пред трговскиот центар „Сити мол“ ќе се одржи акција за вдомување домашни миленичиња кои се вакцинирани.

Заинтересираните граѓани кои сакаат да вдомат милениче треба да имаат документ за лична идентификација.

„Анима мунди“ ќе постави и едукативен штанд за инфомирање за ризиците од присуство на отровни материи во урбана средина, согласно со меморандумот што ова здружение го потпиша со општината Карпош.

http://puppyice.com/wp-content/uploads/2013/05/Puppies.jpg

најчитано сега