Скопје: И го откинал златното ланче од врат

И го откинал златното синџирче од врати и побегнал со автомобил. На 23.10.2013 година, непознат сторител на на ул. Џон Кенедиизвршил кривично дело тешка кражба на дрзок начин, при што од женско лице украл златно ланче и со возило се дал во бегство, информира полицијата. По преземените мерки за кратко време возилото е забележано и сопрено на улицата Цветан Димов при што во возилото се затекнати возачот, А.З.(18) и две сопатнички А.Д.(18) и М.А.(17) сите од Скопје. Оштетената девојка веднаш ги препознала а под задното седиште во автомобилот е пронајдено украденото ланче. Од МВР по целосното документирање на случјаот најавуваат соодветна пријава.

26.10.2013 - 12:36

најчитано сега