Во оваа луксузна вила од 14 милиони долари живеат Хари и Меган- базени, детско игралиште и домашно кино (ФОТО)
По животот во Ванкувер и Лос Анџелес, Меган Маркл и принцот Хари одлучија со синот Арчи да се преселат во Санта Барбара, пишува магазинот „People“.
За оваа луксузна вила со имот издвоиле 14.650 милиони долари.
Како што наведува споменатиот магазин, Меган и Хари ја купиле својата нова вила во овој живописен приморски град, кој лежи на околу 100 милји северно од Лос Анџелес.
– Војводата и војвотката од Сасекс се вселија во својата нова семејна куќа во јули оваа година, изјави претставничката на брачниот пар за магазинот „People“.
– Од моментот на пристигнувањето имаат целосна приватност и се надеваат дека тоа ќе биде испочитувано и за нивните соседи, како и за нив како семејство, додаде таа.
Како што се наведува, сега откако се преселија, Меган и Хари се многу поблиску до својата пријателка, славната водителка Опра Винфри, која поседува неколку вили во ова подрачје.
____________________________________________________________________________