Ердоган: Косово е Турција - Турција е Косово!

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, во Призрен истакна дека Косово е неговиот втор дом. Оваа изјава Ердоган ја даде на собир на кој присуствуваше и Хашим Тачи кој потсети дека токму  Турција е првата држава која ја призна независноста на Косово, како и Еди Рама кој изјави дека граѓаните на Косово, Албанија и Турција, Албанците и Турците, се братски народ. 

-Немојте да заборавите  дека Турција е Косово и Косово е Турција, ние сме толку блиски што и авторот на турската химна, Мехмет Акиф Ерсој е од Косово, рече Ердоган.

Инаку, во Косово турскиот премиер пристигна со владина делегација, и потенцираше дека Косово е неговиот втор дом.

24.10.2013 - 13:02

најчитано сега