Ја подготвувале за свадба - Синиот Ангел требало да се мажи на 12 години

Грчката полиција верува дека малото мистериозно русокосо девојче кое беше пронајдено во ромска населба требало да се мажи на 12-годишна возраст. Според податоците на Дејли меил, полицајците веруваат дека Синиот ангел бил спреман да стане невеста, а свадбата би требало да се случи кога таа ќе има 12 години.

Малата Марија требало да биде добра инвестиција која Ромите ќе ја продадат за брак и така ќе заработат голема сума на пари. 

Соседите на ромскиот пар велат дека Марија била купена за 1.000 евра уште додека била бебе, а целта било со неа да се заработат многу пари.

 

 

24.10.2013 - 10:17