ДУИ: Стоп на политичко - етничката омраза кон идејата за премиер Албанец

 

Демократска Унија за Интеграција изразува длабока вознемиреност за реакциите на претставниците на македонските политички партии по повод започнување на, како што велат, легитимната иницијатива за изборот на првиот премиерАлбанец  во Македонија.

-Говорот на омраза и ширењето на национализмот кај македонските политички претставници, зборува за неподготвеност на општеството за потполна рамноправност и за еднаков третман на сите граѓани.Првиот премиер Албанец ќе биде премиер на еднаквоста, премиер на сите,на развојот и Американското партнество и ќе ги преставува интересите насекој граѓанин на најдоследен можен начин.Советникот на Градоначалникот на Општина Бутел, кој истотака се избра согласовите на Албанците, јавно ја предводеше омразата за идејата на првиот премиер Албанец и на Албанците воопшто, што е разочарувачки потеги за кривична одговорност пред државните органи, велат од ДУИ.

Оттаму ги повикуваат македонските партии да се воздржат од говорот на омраза и да ја прифатат демократската трка за премиер на Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.06.2020 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега