Мигранти пронајдени во возило на паркинг од угостителски објект на патот Гевгелија - Демир Капија

 

Девет мигранти биле пронајдени вчера во возило паркирано на паркинг од угостителски објект на магистрален пат Гевгелија - Демир Капија.

„На 07.06.2020 околу 08.00 часот од полициски службеници, на паркинг од угостителски објект на магистрален пат Гевгелија - Демир Капија, во патничко возило „фолксваген пасат“, со кавадаречки регистарски ознаки, биле пронајдени девет лица мигранти од Пакистан, Бангладеш и Сирија“ велат од полиција.

За настанот е известен Јавен обвинител. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Валандово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.06.2020 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега