По претрес од страна на полицијата, пет лица приведени во Скопје

Во изминатите 24 часа, пет лица било уапсени на различни локации низ Скопје поради поседување на марихуана и ладно оружје.

„На 02.06.2020 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Финска“ го лишиле од слобода И.М.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.06.2020 во 20.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Владимир Полежановски“ го лишиле од слобода И.Г.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.06.2020 во 20.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Самоилова“, при извршен преглед кај Е.А.(20) од Скопје, пронашле и одзеле нож на расклопување. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 03.06.2020 во 00.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Видое Смилески Бато“ ги лишиле од слобода Г.П.(39) и Ж.Љ.(32), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“ соопштуаат од МВР.

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2020 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега